Средба Дендиас – Бербок в петок во Атина

Билатералните односи, случувањата во Источниот Медитеран, руската инвазија на Украина, ситуацијата на Западен Балкан и перспективите за енергетска соработка, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои в петок ќе разговараат шефовите на грчката и германската дипломатија, Никос Дендиас и Аналена Бербок, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата во Атина е во рамките на посетата на Грција, утре и задутре, на министерката за надворешни работи на Германија.

Се вчитува...

Според грчките медиуми, шефицата на германската дипломатија од Грција ќе замине во посета на Турција.

Бербок, првично беше закажано да ја посети Атина на почетокот на јуни, меѓутоа патувањето на германската министерка како во Грција, така и во други земји во тој период беа откажани и одложени откако се зарази со Ковид-19.