Високиот претставник на Европската унија за надворешни односи и безбедносна политика Жозеп Борел најави дека министрите за надворешни работи и за одбрана ќе разговараат за последните случувања во Украина, новите санкции против Русија и „Стратешкиот компас“.
Борел во изјава пред средбата на министрите за надворешни работи и за одбрана изјави дека на средбата ќе се разговара за „Стратешкиот компас“, на кој ЕУ работи 2 години.
Објаснувајќи дека споменатиот стратешки документ, кој е подготвен со цел ЕУ да се направи поавтономна на полето на одбраната и безбедноста, исто така ќе биде дел од одговорот на ЕУ на војната во Украина, Борел рече: „Време е да се преиспита иднината на капацитетот на Европа да се соочи со предизвици како што е војната“.
Наведувајќи дека ќе имаат средба со молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску за давање поддршка на украинските бегалци, Борел истакна дека потоа ќе се сретнат со украинскиот министер за одбрана Олекси Резников преку метод на видео-конференција.
Тврдејќи дека Русија извршила многу воени злосторства во Украина, Борел рече дека Мариупол ќе биде целосно уништен, а на состанокот на министрите за надворешни работи ќе има размена на мислења за новите санкции, особено во областа на енергетиката.
Познато е дека и некои балтички земји сакаат ембарго на нафта.