Средба на претседателот Пендаровски со Михаел Линхарт, сојузен министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Михаел Линхарт, сојузен министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека Северна Македонија и Австрија негуваат традиционални врски и пријателство со отворен и интензивен дијалог, со интерес за натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката.

Во контекст на аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната, отворена и силна поддршка од Република Австрија за неодложно отпочнување на пристапните преговори за членство.

Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава продолжува со реализацијата на домашната реформска агенда, со фокус на владеење на правото, јакнење на ефикасноста и непристрасноста на судството и борбата против корупцијата. Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за деблокада на интегративниот пат, што е во интерес на стабилноста и напредокот на целиот регион.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од Австрија за нашата држава во справувањето со последиците од пандемијата, а особено за координацијата на процесот на дистрибуција на вакцини од Европската Унија.

На средбата беа разменети мислења за економската соработка и трговската размена, при што беше оценето дека постојат потенцијали за зголемување на севкупната трговска размена, имајќи предвид дека Австрија е на врвот на листата странски инвеститори во Северна Македонија.

Поврзани вести

„Ако се дознае вистината за Монструм, можно е да има војна“, му рекол Пендаровски на Ајдари

Бедри Ајдари, роднина на еден на осудените во случајот „Монструм“, вечерва гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21 каде што се дебатираше за овој случај за кого денеска беа искажани завршните зборови. Заедно...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...