Македонија

Средба Реџепи – Османи: „Одблиску се запознав со сите процеси од надворешната политика поврзани со европските интеграции на земјава“

Пратеникот Кастриот Реџепи на својот Фејсбук профил објави дека одлучил да покрене неформална политичка иницијатива во Собранието – ЕВРОПА 21.

Како што пишува, иницијативата е за обединување на прогресивните сили во насока на задржување на евроатланската перспектива на земјава, особено во пресрет на претстојните самити на Европската Унија.

Во својата објава Реџепи додава и дека денеска имал продуктивна средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, каде одблиску се запознал со сите процеси на надворешната политика поврзани со европските интеграции на земјава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни