Македонија

Средба со Џафери, обраќање пред пратениците и дипломатскиот кор на Урсула Фон Дер Лајен, па расправа – ова е планот за утре

Средба со Џафери, обраќање пред пратениците и дипломатскиот кор на Урсула Фон Дер Лајен, па расправа – ова е планот за утре

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе престојува во официјална посета на државава.

Таа ќе се обрати и пред пратениците, во рамки на 80. пленарна седница, со почеток во 13 часот.

На седницата поканети се претставници на дипломатскиот кор, кои ќе можат да го следат обраќањето на претседателката на ЕК во живо.

Според информациите, пред седницата, во 12:45 часот, предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По завршувањето на 80.седница, закажана е нова 81. седница, со почеток во 13.30 часот, на чиј дневен ред е Информација за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни