Свет

Средба со Зеленски: Тројца премиери на ЕУ одат во Киев

Средба со Зеленски: Тројца премиери на ЕУ одат во Киев

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија ќе отпатуваат за Киев на средба со претседателот Володимир Зеленски како претставници на лидерите на ЕУ.

Премиерите на Чешката Република, Полска и Словенија во вторник ќе отпатуваат за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на лидерите на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фиала на социјалните мрежи.

– Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина. Целта на оваа посета е и да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците – изјави чешкиот премиер Петр Фиала.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни