Средба Заев- Вархеји: Европскиот пат важен за двете страни

Отстранување на блокадата од Бугарија за почеток на преговорите – еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по Софија, во посета на Скопје на разговори со македонските власти.

На средбата со премиерот Заев бил разгледан напредокот во процесот на евроинтеграцијата.

Заев објави- со Вархеји се согласиле дека eвропскиот пат е важен за двете страни кои се посветени на тој процес. Една од темите биле подготовките за престојниот  самит за Западен Балкан во Словенија каде ќе има одличен простор за заедничка дискусија. Било разговарано и за економскиот инвестициски план , што е позитивен импулс за земјава, чии конкретни проекти ќе бидат објавени до крајот на годината.