Планираниот самит меѓу Европската унија и Украина ќе се одржи во Киев, тврди украинското претседателство. Првично беше најавено дека разговорот ќе се одржи во Брисел.
Промената на местото на одржување беше објавена по телефонскиот разговор меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Средбата е планирана за 3 февруари, но на неа нема да присуствуваат сите лидери на земјите од ЕУ, туку само Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Информацијата за претстојниот разговор ја објави портпаролот на Мишел уште во декември.