Македонија

Среде лето заснежи на Попова Шапка – температурите паднаа под нулата

Среде лето заснежи на Попова Шапка – температурите паднаа под нулата

Попова Шапка попладнево беше зафатена од снег, објави SkiMacedonia, посочувајќи дека на надморска височина над 2.300 метри температурата се спуштила под нулата.

Од SkiMacedonia апелираат до сите посетители на планините секогаш да носат соодветна облека и опрема, бидејќи временските услови на високите планински предели можат нагло да се променат, дури и во средината на летото.

Во објавата се наведува и дека поради прекин на електричната енергија кај предавателот во Маврово, моментално немаат пристап до преглед на камерите од тој регион.

ФОТО: Архива

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни