Средните училишта во Тетово и Гостивар ќе почнат онлајн, основните со физичко присуство

Средните училишта во Полошко првите две недели онлајн, а основците со физичко присуство, одлука на Главниот кризен штаб и Комисијата за заразни болести.

Тетовскиот кризен штаб бараше наставата на сите ученици првите три недели од септември да се спроведува онлајн, поради лошата епидемиолошка состојба.

Епидемоилошката состојба се подобрува, бројките се намалуваат како резултат на зголемениот интерес за имунизација, тврди Филипче.

Предлогот кој го донесе Кризниот штаб на Општина Тетово сите вработени во образованието да бидат вакцинирани или секој трет ден кога одат на работат да приложуваат ПЦР тест, дополнително ќе се разгледа и ќе се донесе конечна одлука, дополни Филипче.