Транзит на Месечината преку знакот на Риби овој петок ќе не наведе да планираме настани и случувања како за наредниот викенд така и за идната седмица па и понатаму. Бидете неуморни, посветени и трпеливи во своето анализирање и барање грешки и пропусти. На вашето око ништо нема да му избега. Ова се обично оние денови во годината кога забрзано работиме на „прочешлување“ на годината која изминува и осмислување на иднината, односно годината која ни следи за неколку седмици. Ќе бидете брзи, а ако по природа не сте, едноставно обидете се да ги забрзате работите. Убаво е чувството кога растоварени го дочекувате новогодишните празници без грижи и бреме кое би можело порано да спадне од вашите плеќи.
Ви посакуваме среќна работа.
Овен
Работа
Избегнувајте непотребен ризик на кој ве убедуваат некои соработници. Најдобро е да
прифатете деловни ситуации или правила што добро ги познавате.
Љубов
Нема причина да очекуваме премногу разбирање од личност која е со различни впечатоци или некое негативно влијание. Ви треба личност со сличен афинитет.
Здравје
Обрнете внимание на исхраната.

Бик
Работа
Понекогаш одредени конфронтации со вистината бараат голема морална храброст. Проблемите кои постојат во деловното опкружување припаѓаат на полесната категорија.
Љубов
Нема причина да ја проверувате вашата сакана личност до одреден степен. Треба подобро да разберете дека постојат различни афинитети и преференции во љубовна врска.
Здравје
Важно е да се ослободите од некои претерани грижи.

Близнаци
Работа
Треба рационално да ја употребувате енергијата и да прифатите влијание на некого како
добро или корисно решение. Ако тоа влијае на вашата суета, размислете за различните
последици.
Љубов
Делувате премногу загрижени за блиска личност.Можно е со вашето расположение
индиректно да влијаете врз одговорот или реакцијата на вашиот партнер.
Здравје
Ќе ви годи физичка релаксација.

Рак
Работа
Делувате самоуверено во вашето убедување. Верувате дека имате добро решение за различните
проблеми кои постојат на деловната сцена. Ги занемаривте околностите што ве спречуваат.
Љубов
Искрено искажувајте ги своите намери во друштво на саканата личност. Некој добро ги знае твоите слабости или недостатоци. Немојте да бидете измамени дека ова може лесно да се скрие.
Здравје
Добро се чувствувате.

Лав
Работа
Кратка порака или деловна средба има позитивно влијание врз понатамошниот тек на настаните. Ако сте доволно информирани и превземливи, очекувајте двојна добивка.
Љубов
Не дозволувајте некој од страна премногу да го окупира вниманието на партнерот. потрудете се да бидете позитивно наметливи или неизбежни до мерка што е пожелно.
Здравје
Избегнувајте стресни ситуации.

Девица
Работа
Не ви се допаѓа некоја критика или двосмисленост во деловните преговори. Некои од
соработниците полека почнуваат да ве оптоваруваат со нивната улога.
Љубов
Избегнувајте лице кое може депресивно да дејствува на вашето расположение. Вашето внимание фокусирајте го на некои позитивни настани.
Здравје
Добро се чувствувате.

Терезија
Работа
Во ваш интерес е да не зборувате премногу за работи што не ги знаете доволно како и да не се вплеткувате во нечии финансиски планови. Не судете за нечии способности.
Љубов
Ќе ви годи некаква неформална забава или ненадеен состанок со лице кое ви посебно ве
инспирира на позитивно расположение.
Здравје
Проблеми со кожата.

Скорпија
Работа
Некој се обидува да наметне премногу строги правила на однесување, но не можете
да се помирите со различни ограничувања во деловното изразување.
Љубов
Најмилиот работи многу инспиративно на различни начини и знае со одредени манири
да го привлече вашето внимание. Направете се што ви треба во име на заедничка среќа.
Здравје
Вкочанетост.

Стрелец
Работа
Зборовите на некој ви оставаат лош впечаток, но деловните правила се менуваат брзо
и во таа смисла треба да издржите нечија критика. Не треба да сде занесувате со далечни прогнози.
Љубов
Наместо да барате некаква лажна утеха во нечие друштво, бидете искрени за да бидете
со саканата личност. Потребно е поголемо емотивно разбирање.
Здравје
Повеќе одмор.

Јарец
Работа
Треба да го оцените најдобриот момент за ефикасно дејствување за да во целост
ги постигнете своите бизнис цели. Значи, не инсистирајте на работи што не можат да заживеат.
Љубов
Вашето емотивно задоволство зависи од тактиката што ја применувате на вашата сакана личност. Различни ситуации во кои се наоѓате подразбираат примена на соодветна улога.
Здравје
Ќе ви годат малку витамини или диетална исхрана.

Водолија
Работа
Некој ги одобрува вашите идеи и тоа е доволна причина да се вклучите на различни страни. Нема причина за лажна скромност пред соработниците.
Љубов
Кога се сретнувате со некој близок, важно е да се чувствувате позитивно инспирација и вистински поттик за среќа. Сè е можно да се промени или да се постигне ако имате доволно стил.
Здравје
Вие сте во одлична форма.

Риби
Работа
Лицето кое има негативен став во однос на вашите идеи нема да го промени своето мислење ниту после проширени дискусии. Конфликтот во решавањето на деловните интереси создава дополнителна тензија.
Љубов
Планирајте романтична забава за двајца. Љубовта е мистериозен код кој работи позитивно
на вашето расположение и мотивација кога сте со блиска личност.
Здравје
Добро се чувствувате.

