Балкан

Среќен крај на потрагата – Марта и Никола се пронајдени во Грција!

Среќен крај на потрагата – Марта и Никола се пронајдени во Грција!

По интензивна потрага и јавен апел за помош, Марта и Никола се пронајдени во грчкиот град Серес и се во добра состојба.

Веста за нивното пронаоѓање беше потврдена од блиски на семејствата, кои упатија голема благодарност до сите кои помогнаа – од граѓаните што ја споделија информацијата, до институциите кои учествуваа во потрагата.

„Ви благодариме на сите за помошта и поддршката!“, стои во пораката со која беше објавен крајот на неизвесноста.

Овој случај уште еднаш покажа колку заедничката акција и солидарноста можат да бидат пресудни во спасувањето на човечки животи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни