ОУ „Владислав Рибникар“ при реконструкцијата им оддаде почит на жртвите од страшниот масакр што се случи на 3 мај годинава.
Поминаа повеќе од три месеци од страшниот масакр во ОУ „Владислав Рибникар“.
Денес влезот во училиштето изгледа сосема поинаку. На прозорците бил испишан кобниот датум кога малолетниот Коста К. влегол во училиштето и пукал во обезбедувањето и неговите пријатели.
Дополнително, напишано е бело срце, што значи „чиста љубов“ која ништо не може да ја уништи, а покрај него се и слики од трагично загинатите деца и работници од обезбедувањето.
Пред училиштето има цвеќиња и свеќи кои граѓаните ги оставаат во спомен на жртвите.
Исто така, под сликите на децата има икони, како и плишани играчки.
Да потсетиме, на 03.05.2023 година малолетниот Коста К. дошол на училиште и почнал да пука во своите невини жртви.
Во таа прилика најпрвин го убил обезбедувачот Д.В., како и две дежурни ученички, а потоа продолжил со крвавото расфрлање и убил седуммина свои другари и врсници.