ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека со неизгласувањето на законот за недела неработен ден, кој требаше да почне од 1 октомври, 92 проценти од работниците не одмараат во недела, а осум проценти од работниците кои работат во дејности каде не може да прекине работниот процес, не земаат 50 проценти поголема дневница за работа во недела.

– Револтирани сме од односот на пратениците. Законот недела да биде неработен ден, кој требаше да важи од 1 октомври, не е изгласан. Со тоа, 92 проценти од работниците не одмараат во недела, а осум проценти кои работат во дејности каде процесот не може да прекине, не може да земат 50 проценти зголемена дневница. Работниците во моловите кои треба да работат само од 10 до 18 часот, не земаат дневница зголемена за 100 проценти. Исто така, по основ на данок за работа во недела, во Буџетот на РМ не се влеваат даночни средства во износ од три проценти со кои треба да се изградат нови градинки за нашите деца, посочува Димовски.

Барањето за минималната плата и спиралното зголемување на останатите плати, ССМ го темели на најавите за пораст на цената на струјата од јануари и на зголемените цени на прехранбените производи.

– Поради економската криза предизвикана од пандемијата и најавената енергетска криза каде РКЕ кажува дека од 1 јануари ќе се зголеми цената на струјата за минимум 20 проценти, бараме минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата или 18 илјади денари, а сите останати плати да растат скалесто согласно колективните договори, истакнува Димовски.

Дел од барањата на синдикатот се и враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите работници во Општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи – за жени со 35 и за мажи со 40 стаж, без разлика на нивната возраст, потоа пензионерирање по основ на дејности, предвремена пензија со 60 години старост и 15 години стаж кога работникот кој не се чувствува физички способен, да зема минимум 70 проценти од пензијата додека не ги исполни условите за целосна пензија.

Протестот ќе почне во 12:12 часот пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието и пред зградата на Стопанската комора на Македонија.

Доколку не се исполнат барањата, синдикатот најавува генерален штрајк.

Поврзани вести

Владата одлучи: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна...

Владата доцна вечерва донесе одлука – еве кога и како ќе започне учебната година

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Оваа одлука е донесена врз основа на...

2.019 нови случаи на ковид-19 – пријавени 19 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19:

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители

Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на службата, Борислав Сарафов. Тој одговорноста за несреќата...

Најважното

Владата одлучи: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а...

Владата доцна вечерва донесе одлука – еве кога и како ќе започне учебната година

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

2.019 нови случаи на ковид-19 – пријавени 19 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.119...

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители

Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на...

Ковачевски се сретна со Борисов: Да се развива довербата и да продолжи поддршката од Бугарија за членство на Северна Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности,...