Свет

Стаорците изеле 500 килограми

Стаорците изеле 500 килограми

Стаорците  во северна Индија се обвинети дека изеле 500 килограми канабис запленет од дилери на дрога и складиран во полициски магацини, јавува Си-Ен-Ен.

„Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата“, забележа судот во градот Матура.

Судските документи велат дека од полицијата било побарано да произведе 386 килограми канабис како доказ, но обвинителството му соопштило на судот дека повеќе од 700 килограми марихуана складирана во различни магацини во Матура биле погодени од наезда на стаорци.

Судот нагласи дека ова не е прв пат  стаорци да јадат докази во случај.

„Речиси во сите полициски станици постои закана од наезда на стаорци . Затоа мора да се преземат неопходни мерки за заштита на запленетиот канабис“, се наведува во судскиот документ.

Меѓутоа, во текот на случајот, началникот на полицијата на градот Матура, Мартанд Пракаш Синг, рече дека канабисот бил уништен од дождови и поплави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни