Стапалата и петиците нежни како свила: Овој рецепт треба да го пробате веднаш!

Доколку долго стоите, одите боси или целосно заборавите да внимавате на стапалата како дел од негата на телото, вашите потпетици многу лесно ќе се исушат и ќе пукнат.

Ова не е воопшто привлечно, особено сега во сезоната на сандали и влечки, но за среќа, постои лесен, природен начин да го решите овој проблем!

Пилинг за стапала

Пилингот е совршено решение за овој проблем, а ќе се ослободи од првиот слој на сува кожа. Пилингот подгответе го на следниот начин – измешајте шолја сок од брусница и речиси полна чаша кристален шеќер. Масирајте ги петите и стапалата со лесни кружни движења, а потоа исплакнете со млака вода.

Откако ќе завршите со пилинг, користете еден од овие совети:

1. Пред да нанесете било што на стапалата, измијте ги со сапун. Масирајте го маслото од сусам со лесни кружни движења, облечете памучни чорапи наменети за подобра апсорпција на хранливите материи во кожата и оставете преку ноќ.

2. Исцедете го сокот од половина лимон во леген со топла вода и потопете ги стапалата десет минути. Користете камен на петицата и отстранете ја задебелената кожа.

3. Кокосовото масло е еден од задолжителните производи кои ги користиме за кадифено мека кожа. Нанесете на петиците со кружни движења и исто како и со маслото од сусам, носете памучни чорапи со посебна намена. Наутро задебелената кожа истријте ја со камен на петицата, исплакнете ја со млака вода и исушете ја со крпа.

4. Пред спиење, секоја вечер нанесете богат хидратантен крем на стапалата. Направете навика да ја нанесувате кремата и на вашите раце – на овој начин ќе обезбедите мека кожа во текот на секоја сезона.