Старите имиња кои не се слушаат со децении повторно популарни во Белград

Името Јелена владееше цели три децении од 1970 година, а денес Лена, Ленка, Елена и Хелена се формите на ова име кои се во мода. Од друга страна, името Милица се уште го има, во самиот врв веднаш зад Софија и Дуња.

Доколку сакате да бидете навистина оригинални при изборот на име за вашето бебе, а сепак да останете во рамките на нашата народна традиција, изберете едно од овие стари имиња.

Во морето на меѓународни имиња, некои од нашите најстари имиња и нивното значење паднаа во заборав. И тоа е срамота.

Сепак, списокот со имиња станува сè поразновиден. Иако некои нови се во мода, полека но сигурно се враќаат и заборавените.

И додека пред дваесет и повеќе години беа популарни имиња како Кристина, Јелена, Дејан, Марко, Небојша, денес се застапени некои нови, пократки, помодерни.

Иако поголемиот дел од новите и старите имиња имаат прекрасно значење и носат силна симболика, факт е дека многу старите, традиционалните и популарните пред педесет години и повеќе, денес никаде не се појавуваат.

Сè почесто може да се слушне дека на девојките им се даваат стари женски имиња како: Ѓурѓа, Василија, Недра, Иконија, Тихана, Бисенија, Ѓурѓија, Пелагија, Јефимија, Алексија, Огњана, Вида.

Додека на момчињата им се даваат имиња како: Наум, Војин, Деспот, Никодим, Макарије, Доротеј, Трифун, Атанасиј, Јеврем, Кузман, Доситеј, Григорије, Ѓурѓе, Вукадин.