Статистички, полесно купуваме стан во 2025 одошто во 2010 година. Но само статистички…

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во март 2025 година просечната нето-плата во Република Северна Македонија била рекордни 44.763 денари, што е последниот официјален податок. Пред точно 15 години, во март 2010, просечната плата изнесувала 20.338 денари, што значи дека во изминатиот период платите пораснале 2,2 пати или за 120 отсто, пишува Блумберг.

Во оценката на ефективната куповна моќ на граѓаните, ДЗС посочува и на податоците за пазарот на недвижности: во 2010 година просечната цена на станбениот квадрат во земјата изнесувала 52.125 денари (околу 850 €), што значело дека на вработениот со просечна плата му биле потребни приближно 12,8 години за да купи стан од 60 квадратни метри. За Скопје, каде цените секогаш се повисоки, во истиот период просечната цена на квадратен метар била 64.127 денари (околу 1.050 €).

Со растот на платите, но и со зголемувањето на цените на недвижности, останува да се види дали динамиката на доходите ќе го следи темпото на станбениот пазар и како ќе влијае на достапноста на сопственото домување во наредните години.