Бизнис Свет

Стелантинс го суспендира производството на возила во Русија поради логистички тешкотии

Стелантинс го суспендира производството на возила во Русија поради логистички тешкотии

Стелантис, еден од водечките светски производители на автомобили, објави дека го прекинал производството во својата фабрика во Русија поради логистички тешкотии и санкциите наметнати на Москва.

Во соопштението на компанијата, беше објавено дека производните активности се суспендирани во Калуга, 200 километри југоисточно од Москва, за да се обезбеди почитување на сите санкции и заштита на вработените.

Стелантис, четвртиот најголем производител на автомобили во светот, ги произведува марките Пежо, Цитроен, Опел, Фиат и Џип во Русија.

Стелантис исто така ги продава овие брендови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни