Стјуардесата открива кои седишта се најдобри ако летате во економска класа

Стјуардесата Сандра Џени Квон во вирално видео на Тик Ток откри кои се најдобрите седишта на лет во економска класа, а многумина беа изненадени што тоа не се оние на излезот за итни случаи со дополнителен простор за нозете.

Таа објасни дека е најдобро да се избере место во ходникот на половина од задниот дел од авионот. Таа додаде дека на стандарден лет со 52 реда, најдобри седишта се 49 C, D, F и G бидејќи се далеку од тоалетот и во ходникот.

Таа, исто така, рече дека е најдобро да се седи во задниот дел на авионот бидејќи авионот се полни однапред, што значи дека најверојатно ќе имате простор одзади само за себе.

„Поради распределбата на тежината на авионот, ние секогаш прво го полниме предниот дел. Но, бидејќи храната се служи од напред кон назад, имате поголеми шанси да го добиете саканиот оброк ако седите напред. Така, преку процесот на елиминација мојот идеален избор е седиште 49 C / D / F / G “, заклучи таа.