Македонија

Стојаноски: Власта ги одби предлог решенијата на ВМРО-ДПМНЕ за справување со кризата

Стојаноски: Власта ги одби предлог решенијата на ВМРО-ДПМНЕ за справување со кризата

По двоиполчасовно доцнење на денешната 91. пленарна седница, колегите од владејачката коалиција не гласаа за дневниот ред и ги одбија нашите предлог-законски решенија кои се дел од пакетот мерки на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за справување со кризата. Ова се наши законски решенија со кои навистина ќе се помогнеше на граѓаните и стопанството во време на инфлација, на тешка економска, социјална и енергетска криза која што владее веќе подолг период.

Ова денеска го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој истакна дека пратеници од мнозинството денеска повторно го одбиле нивниот предлог за зголемување на средствата за субвенциониран оброк за студентите од 120 на 160 денари.

– Колегите од власта, денес го одбија нашиот Предлог-закон за директна помош за граѓаните преку поврат на дел од ДДВ-то, односно популарно наречен „Викенд без ДДВ”. За нас како пратеничка група е тотално нејасно зошто ова е неприфатливо за мнозинството, иако и самите знаат дека е одличен предлог за колку-толку да се ублажат последиците од кризата во која што тие не доведоа. Пратениците од мнозинството денес одбија и не го прифатија и нашиот Предлог-закон за акцизите со кој што веднаш и драстично ќе се намалат високите цени на горивата. Одбивајќи го овој предлог, тие директно удираат врз џебот и семејниот буџет на граѓаните, изјави Стојаноски во прес-салата на Собранието.

Четвртиот Предлог-закон кој нозинството денес го одби, како што рече тој, е Законот за личен доход, односно одложување на прогресивното оданочување за кое што ние велиме дека воопшто не е време.

Според Стојаноски, власта место да им помогне на граѓаните и стопанството, одбива да ги слушнат потребите, барањата и проблемите на граѓаните.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата упатува силна порака до власта дека нема да отстапи од заложбите и борбата за подобар живот за сите граѓани и дека ќе продолжи да предлага законски решенија кои ќе значат олеснување на граѓаните во секојдневната борба со проблемите, рече Стојаноски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни