Стотици приведени демонстранти во главниот град на Ерменија

Стотици опозициски демонстранти кои се обидуваа да блокираат десетици улици во главниот град Ереван, беа приведени денеска во Ерменија, соопшти новинар на АФП.

Според полициското соопштение цитирано од АФП до 07.00 часот по Гринич, полицијата привела 277 лица „за кратко време“. Стотици беа приведени вчера.

Се вчитува...

Опозицијата го смета воениот пораз на Ерменија од Азербејџан во 2020 година како национален срам и оттогаш се обидува да го принуди премиерот Никол Пашинјан да поднесе оставка. Сепак, партијата на премиерот победи на предвремените парламентарни избори минатата година и ја консолидираше својата моќ.