Страшна несреќа: Познат каскадер заврши заробен меѓу автомобили – лекарите се борат за неговиот живот

Во САД се снима првата сезона на новата верзија на успешното шоу „Америка има талент“ – во оваа варијанта натпреварувачите изведуваат уште поекстремни точки и секој настап е вистинска адреналинска авантура.

Сепак, почетокот на снимањето на проектот наречен „America’s Got Talent: Extreme“ не помина глатко – благо речено. Паничниот повик на 911 што протече во јавноста откри дека каскадерот Џонатан Гудвин бил сериозно повреден додека го снимал шоуто.

„Ние сме на брз пат во Атланта на локацијата за снимање на „Америка има талент“. Имавме човек што висеше на кабел, автомобилите требаше да се судрат еден со друг, но тој не се ослободи на време и тие го удрија. Тој е маж, има околу 40 години. Падна на глава”, рекла анонимна жена во драматичниот итен повик.

Додека вежбаше изведување на точката за шоуто, 41-годишниот велшки ескаполог мораше да се ослободи и да слета на воздушен душек, избегнувајќи ги тесно два висечки автомобили што се нишаа од страна. Сепак, ТМЗ објави дека двата автомобили се судриле и се запалиле, оставајќи го Гудвин заглавен меѓу нив. Засега не е познато дали пожарот бил дел од планираната пиротехничка рутина.

Продуцентите на шоуто за медиумите потврдија дека се случила несреќа на сетот. „Нашите мисли и молитви одат за него и за неговото семејство додека чекаме нови вести за неговата состојба“, се вели во соопштението.

Патем, Гудвин е надалеку познат по своите екстремни подвизи. Минатата година тој се натпреваруваше во класичната верзија на шоуто „Америка има талент“, а настапи и во британската верзија.