Балкан

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА: Автомобилот излетал од патот, удрил во насип, едно лице загина

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА: Автомобилот излетал од патот, удрил во насип, едно лице загина

Тешка сообраќајна несреќа се случи на улицата Партизански пут во Врање, во која животот го загуби странски државјанин.

Од полицијата велат дека се уште не се познати околностите, но потврдено е дека истрагата е во тек.

Еден пациент е згрижен на Итна медицинска помош и во тек е дијагностика. Наводно, автомобилот од Северна Македонија излетал од патот и удрил во насипот.

Дел од патот е затворен, возилата се пренасочуваат на други патни правци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни