Страшна сообраќајка ја потресе Хрватска: Двајца загинати, четворица тешко повредени

Две лица загинаа, а четворица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Хрватска на главниот пат меѓу Опузен и Раба.

Несреќата се случила околу 18 часот и 30 минути позади градот Подградина, во кривината над кривината за каменоломот Главице, во правец кон Неум.

Се вчитува...

Во несреќата учествувале три возила.

Слободна Далмација јавува дека меѓу повредените е и млад граничен полицаец, кој со хеликоптер итно бил префрлен во КБЦ Сплит. Уште едно повредено лице е пренесено во сплитската болница. Третиот во општа болница Дубровник, а четвртиот во Мостар.

Според неофицијални информации, еден од загинатите бил од Трогир, а другиот од Каштела, а се возеле во автомобил со загрепски регистарски таблички.