Двајца родители на возраст од 49 и 45 години трагично загинаа во сообраќајна несреќа, што се случи денеска напладне на автопатот Солун-Серон.
Повредени се две деца. Се очекува 12-годишникот со тешки повреди да биде опериран, додека 10-годишникот е полесно повреден и е надвор од животна опасност.
Возилото во кое патувало четиричлено семејство се судрило со камион, при што трагично загинале двајца родители на возраст од 49 и 45 години.
Брза помош на ЕКАВ ги пренесе повредените момчиња во Солунската општа болница „Папагеоргиу“.
Според thestival.gr, 12-годишникот е тешко повреден и се наоѓа на Клиниката за детска хирургија на таа болница. Нему му е извршена операција за лекување на повредите, а потоа ќе биде хоспитализиран на Детското одделение за интензивна нега во Хипократовата болница во Солун.
Неговиот 10-годишен брат е полесно повреден и е надвор од животна опасност. Малолетникот се лекува на Клиниката за детска хирургија во Општата болница „Папагеоргиу“.
Истиот извор наведува дека децата се свесни и комуницираат со околината, пишува Прототема.