Постара жена починала на Сината плажа во Водице кога сакала да влезе во водата.
Трагедијата се случила во утринските часови кога жената која дошла на плажата со другарките влегла во водата, но наеднаш паднала.
– Итната помош дојде многу брзо, а лекарите се обидоа да ја реанимираат. Жената за жал починала. Луѓето се собраа и гледаа. Сите останаа шокирани – изјави за хрватските медиуми жена која била сведок на немилата глетка.
Според неа, лекарите ја оживувале жената речиси 45 минути.
– За жал, немаше начин да се спаси. Ја покриле со крпи, но не целосно. Нозете останаа откриени. Наоколу имаше полицајци – рекла жената.
Многу посетители на плажата наводно не ни забележале што се случува.
– Луѓето доаѓаа на плажата и играа. Не го ни забележаа телото на жената. Едно дете дури претрча покрај телото на несреќната жена. Речиси 45 минути никој не дојде да го собере телото – додала жената за хрватските медиуми.
Водице се наоѓа во централна Далмација во близина на Шибеник.