Балкан

Страшна трагедија во Бугарија, на лице место загинаа три лица

Страшна трагедија во Бугарија, на лице место загинаа три лица

Несреќа со тројца загинати кај Варна. Несреќата се случила кај селото Здравец. Ова го потврдија од полицијата во приморскиот град, но без да наведат детали.

Според извори на БНТ , автомобилот се движел со голема брзина и возачот изгубил контрола. Удрило во дрво покрај патот, а тројцата патници починале на лице место.

Полицијата прецизира дека на лице место загинале две жени и еден млад маж. Други двајца – маж и жена – се во тешка состојба и се пренесени во болница. Колата е со германска регистрација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни