СТРАШНО! Триција се вратила од мртвите и сега открива како изгледала смртта

Триција Бајкер доживела тешка сообраќајна несреќа во која изгубила многу крв и била во критична состојба. Иако не се сеќава на самата операција, таа тврди дека во тој момент, нејзината душа го напуштила телото и дека цело време ја следела операцијата како дух.

Во продолжение нејзината исповед:

„Бев свесна за својата состојба, дека станав дух. Станав копија на своето тело составена од светло и се наоѓав во аголот од собата. Ги гледав таму хирурзите како се борат за мојот живот и се прашував зошто има толку крв, односно зошто толку брзо ја губам. Во тој момент видов две интелигентни лица маж и жена, исто така направени од светлост и претпоставив дека се ангели.

Ми пратија телепатска порака дека се ќе биде во ред, а потоа го осветлија моето тело, баш како и рацете на хирургот. Веднаш потоа, моите витални функции застанаа и на мониторот се појавија рамни линии. Јасно ми беше дека починав и едноставно не сакав повеќе да гледам. Излегов од салата и ги здогледав моите скршени родители. Полетав кон ноќното небо и почувствував присуство на свест, што го толкував како светлина од Бога. Ме обзеде чувството на љубов, длабок мир, радост и низ главата ми пролетаа слики од моето детство и рана младост.

Тоа чувство на љубов беше толку интензивно што е тешко да се опише. Не можете да ја замислите таа количина на љубов, ние цел живот не чувствуваме нешто слично.

Почнаа да ми стигаат пораки во кои ми се говореше дека љубовта е се што е важно, а светлоста ми покажуваше повеќе детали од мојот живот. Имаше и делови што не ми се допаѓаа толку многу, кои ме потсетуваа дека знам да бидам груба кон другите.

Одеднаш сè се претвори во прекрасна градина, имав чувство дека сè што е мртво повторно еживо. Ми се појави мојот покоен дедо и тој изгледаше убаво. Умре во седумдесеттите години, но блескаше во рајот. Повторно се чувствував како мало дете, потполно слободно, заштитено и силно сакано од Бога.

Повеќе не сакав да го напуштам тоа „кралство“, но одеднаш слушнав глас кој ми зборуваше дека ќе треба да ги учам другите за моето искуство и ме врати на моето тело“ – вели Триција во едно интервју, додавајќи дека во болницата постојано чувствувала присуство на ангели.