Свет

Стратешки мост во близина на Керсон се урна

Стратешки мост во близина на Керсон се урна

Мостот Антоновски, единствената патна врска меѓу јужниот украински град Херсон и источниот брег на реката Днепар контролиран од руските сили, се урна, јави денеска украинската јавна телевизија, цитирајќи локални жители. Засега не се познати причините за уривањето на мостот, пренесе Ројтерс, цитиран од БТА.

Телевизијата „Суспилне“ објави фотографија на која се гледаат уништени цели делови од мостот. Најблискиот друг патен мост преку реката Днепар е на повеќе од 70 километри од Керсон. Русија во средата објави дека ги повлекува своите војници од западниот брег на реката Днепар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни