Чешките метеоролози издадоа предупредување за силно невреме за четврток.
Метеоролозите предупредуваат дека за четврток попладне и ноќе се предвидува силен ветер, пороен дожд и град. Чешкиот хидрометеоролошки завод додава дека можност за торнада има и во регионите Пилсен и Карлови Вари.
За западниот дел на земјата, нивото на предупредување е исклучително високо со највисоко ниво на ризик, а за поголемиот дел од источниот дел на Чешка, нивото е високо, што е едно ниво подолу.
Југоисточна Моравија е единствениот дел од земјата каде што нивото на предупредување е ниско.
Да потсетиме, Чешка пред две години ја зафати силно невреме проследено со торнадо, а огромни штети беа предизвикани во провинцијата Јужна Морава. Неколку градови и села потоа беа срамнети со земја. Чешката телевизија тогаш објави дека ова торнадо е најсилното во историјата на Чешка. Проценетиот интензитет веројатно достигнал скала F3-F4. Тоа значи дека ветровите би можеле да достигнат брзина до 267-322 km/h.
Иако можеби не изгледа така бидејќи вестите за разорните торнада најмногу ни стигнуваат од САД, торнадата се релативно честа појава и во Европа. Годишно се евидентираат по неколку стотини, од 300 до 500. Повеќето од нив не се пријавуваат бидејќи се појавуваат во ретко населени места.
Појавата на торнада е можна на сите континенти, вклучувајќи го и Антарктикот, иако таму никогаш не е забележано торнадо.