Македонија

СТРУГА: Плаќаат високи сметки за вода, а не смеат да ја пијат оти е замaтена

СТРУГА: Плаќаат високи сметки за вода, а не смеат да ја пијат оти е замaтена

Водата во Струга повторно заматена. Проблемот се провлекува години наназад, при секој дожд водата од градскиот водовод е обоена. Граѓаните се жалат во време на економска криза плаќаат високи сметки за вода, а принудени се да купуваат од продавница.

„Заматена е не се пие воопшто. Во оваа криза не се излегува на крај и со купување вода, а и плаќаме фактурите се многу високи“, вели еден стружанец.

„Не ја пиеме заматена е“, додава негов сограѓанин.

„Обично водата не е добра за пиење. Не е сигурна водата многу е матна“, нагласува трет.

Првиот човек на градот вели во тек е реализација на проект со кој се врши промена на азбестните цевки и конечно ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето.

„Со тоа ќе имаме ново, сигурно и количинско снабдување со вода на населените места. Мислам дека е и затоа велам животен проект и се надеваме дека нема да имаат проблем“, вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

Од јавното претпријатие причината ја лоцираат во тоа што при дождови доаѓа до загадување кај изворите во Шум предизвикано од електраните.

Соња Рилковска

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни