Стружанецот Стефан Спироски со кавер-верзија во чест на Тоше

Стружанецот Стефан Спироски сними кавер-верзија на мега хитот „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ во чест на роденденот на нашата најголема музичка легенда – Тоше Проески.

Во проектот свое учество покрај Стефан земаат и Александар Петрески (гитара), Методи Поповски (Студио Флеш) и Ана Марија Цветкова (видео).

– Тоше Проески е човекот кој од мали нозе ми беше идол, човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Легендите имаат само датум на раѓање и живеат вечно, затоа во негова чест ја снимив оваа преработка која верувам дека ќе и се допадне на публиката, вели стружанецот Спироски.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  Почина популарна актерка: Играше во бројни хит серии, а тажната вест погоди многу фанови

Спироски после кавер-верзијата на овој голем хит ја најавува својата нова авторска песна за која вели дека ќе излезе многу скоро, а музиката и текстот за неа ги напишал сам.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното