Студентите на протест во Тетово, бараат реформи во универзитетите

„Ни отиде животот, плашејќи се“, беше една од десетиците пароли на денешниот студентски протест во Тетово. Студентката на Факултетот за уметности, која го држеше транспарентот, ни објасни како го формирала тоа мислење:

-Го напишав самата бидејќи има причина зошто досега не е реагирано. Мислам дека стравот нѐ тера да не реагираме и да го бараме она што навистина го заслужуваме. – вели таа

Се вчитува...

Н: Што му недостига на твојот факултет?

-Не знам од каде да почнам. Јас студирам на Факултетот за уметност. Кај нас недостигаат камери и други работи кои за нас се елементарни за продолжување на студиите. Недостасуваат книги, сѐ, но особено книги – додаде студентката.

Со транспаренти и слогани, студентите побараа подобрување на квалитетот на образованието и универзитетскиот живот во Македонија.

-Ни недостасуваат услови. Немаме услови, немаме клими – изјави студент од факултетот за драмска уметност.

-Студентите имаат проблеми, како што можете да видите и самите. Ги обврзуваат да купуваат книги, а имаат и високи давачки. Има толку барања што не можам да ги набројам.

Н: Дали си слушнала за случаи на корупција од страна на професорите?

-Мене ми се нема случено, но имам слушнато од моето друштво.

Да запре продавањето на оценки и задолжителното купување на книги, се меѓу 15-те барања кои студентите ги упатуваат до Министерството за образование, Тетовскиот Универзитет, Универзитетот на Југоисточна Европа и до Универзитетот „Мајка Тереза“. Студентите, исто така бараат забрана на непотизмот нив универзитетите, да се отстранат професорите кои во образовните установи извршиле кривични дела, да се разгледаат академските титули и верификација на плагијатите. Студентите меѓу другото денеска се пожалија и дека професорите им барале сексуални услуги.

„Ги разбираме дилемите и колебањето на образовниот кадар и на универзитетските ректори, за да соочат со задоцнетата, но незаборавената вистината. Го разбираме недостатокот на храброст да излезат пред нас и искрено да им се приклучат на нашите барања“

Од Плоштадот „Илирија“ студентите маршираа кон Тетовскиот универзитет за да го изразат своето незадоволство. Се договорија, утре повторно да се сретнат во 10 часот, со цел да не се откажат од барањата за реформи, укинувањето или намалувањето на давачките, учеството на студентите во носење одлуки и подобрувањето на инфраструктурата во универзитетите.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21