Балкан

Студентите во Србија: Не поддржуваме насилство, упади во медиумски куќи, победата да ја прославиме достоинствено!

Студентите во Србија: Не поддржуваме насилство, упади во медиумски куќи, победата да ја прославиме достоинствено!

Студентското движење „Студенти во блокада – Белград“ преку својот официјален профил на Фејсбук се огради од упадите во медиумите и институциите, повикувајќи ги граѓаните на мирно и достоинствено прославување на изборната победа.

„Ја разбираме среќата, емоциите и потребата конечно да ја прославиме победата по сè што поминавме. Но, сега е важно да останеме достоинствени и одговорни“, се наведува во објавата.

Студентите нагласуваат дека не поддржуваат упади во медиумски куќи и институции, ниту повикуваат на такви постапки.

„Медиумите ќе ги ослободуваме во Собранието, преку институционална борба за слобода и професионално новинарство“, порачаа студентите.

Тие ги повикаа граѓаните по завршувањето на прославата на плоштадот Славија во Белград мирно да се разотидат и да се вратат во своите домови.

„Победата ја извојувавме заедно, да го зачуваме нејзиното достоинство!“, се наведува во пораката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни