Во изминативе 10 дена само 1.006 луѓе аплицирале за инвертер клими во Град Скопје. Од таму информираат дека на располагање останале средства за субвенционирање на уште околу 4.000 уреди. Заинтересираните можат да аплицираат со клик на банерот на веб-страницата „скопје.гов.мк“.
„На овој јавен повик можат да аплицираат сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот“, велат од Град Скопје.
Од Град Скопје велат дека новитет на овој јавен повик е условот граѓаните доброволно да ја достават постојаната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут на локацијата која дополнително ќе биде одредена. Право на аплицирање имаат сите граѓани кои купиле инвертер од 1 јануари годинава, а повикот ќе трае до 30 ноември, односно како што велат од Град Скопје, до искористување на предвидениот буџет.
Во Кичево има средства за субвенционирање на уште околу 480 клими. Досега аплицирале 320 граѓани, а вкупниот предвиден број за субвенционирање е 800.
Кичево
Вкупно – 800
Аплицирале -320
Останале – 480
Освен за Скопје и Кичево, субвенционирање на инвертери е предвидено и во Тетово и Битола, но од овие две општини не добивме одговор – до каде е јавниот повик и колкав е вкупниот број на инвертери кои ќе бидат субвенционирани.
.