Македонија

Судењата за „Рекет“ ќе добијат приоритет – Катица, Боки и Зоки биле следени пред апсењето

Адвокатите на осомничените продолжуваат со увид во доказите кои Рускоска ги има за „Рекет“. Од доказите обезбедени преку посебни истражни мерки се открива дека пред апсењето тројцата осомничени биле физички следени.

Јанева очекува и одлукана судот за определениот притвор. Апелација го чека мислењето од Вишото јавно обвинителство откако адвокатите се жалеа на одлуката на Кривичен да и го продолжи притворот, но обжалена е и одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд кој не ја прифати понудената гаранција во замена за поблага мерка.

Првиот човек на Основен суд Скопје 1, Иван Џолев вели дека до нив нема пристигнато такво барање. По покренувањето на обвинение за случајот „Рекет“, Џолев додадека дека истито ќе добие приоритет поради интересот на јавноста.

Екс шефицата на СЈО која е трето-осомничена за случајот Рекет своја одбрана најверојатно ќе даде до крајот на неделата. Откако ќе ги разгледа доказите одбрана, како што најави неговиот адвокат, ќе даде и прво-осомничениот Боки 13. Тие досега тоа не го сторија со образложение дека не ги виделе доказите со кои располага Обвинителството за организиран криминал.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни