Продолжуваат судските рочишта за два предмети покренати од СЈО, „Монструм“ и „Транспортер“ денеска во кривичниот суд.
За петкратното убиство кај Смилковоското езеро на 12. април 2012 година случајот е влезен во доказна постапка и денеска треба да бидат прикажани докази обезбедени преку ПИ мерките.
Во случајот „Транспортер“ пак, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески повторно седнува на обвинителна клупа, заедно со уште 20-тина лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.
