Македонија

Судските рочишта ќе се снимаат, дактилографите веќе нема да фаќаат белешки во Суд

Основниот суд Скопје доби нова техничка опрема. Дактилографите веќе не треба да пишуваат на судските рочишта бидејќи истите ќе се снимаат. Со ова ќе се избегнат повторувањата и прекините кои до сега беа пракса за време на рочиштата. Сега дактилографите ќе имаат олеснета работа во следење и ставање во извештаите на адвокатите, обвинителите, сведоците или обвинетите кои зборуваат побрзо. Новата опрема е донација од Американската амбасада во Скопје. Американската амбасада Кејт Мари Брнс рече дека ова е важен чекор кон зајакнување на владеењето на правото.

„Новата опрема ја зголемува транспарентноста  и ефикасноста на судските рочишта. Ја згоелмува довербата кај јавноста во институциите. Судиите, обвинителите и адвокатите ќе можат да се фокусираат на тоа што се зборува наместо да запишуваат. Аудио снимањето ја зголемува точноста и праведноста на постапките“, вели Брнс.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев рече дека периодов е тежок за судскиот систем но дека работат на менување на состојбата.

Амбасадата на САД опреми 25 сали со опрема за снимање. До сега на рочиштата записниците беа пишувани со дактилограм.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни