Сугарески: Нашата цел е автопатот Скопје-Блаце да се изгради пред 2023 година

Иако беше најавено, сепак активностите за автопатот Скопје – Блаце нема да стартуваат овој месец . Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, вели дека е даде рок од три години за изградба на автопатот поради опфаќање на сите процедури, што според него, значи дека истиот ќе биде изграден до 2023 година.

-Наша цел е тој да биде изграден побрзо – 2021 година или евентуално почетокот на 2022 година, изјави Сугарески.

Тој посочи дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец ќе се распише тендер за првите  2 км и дека е потребно репроектирање на останатиот дел во должина од 10.5км, бидејќи според проектот изработен во 2002 година, трасата влегува во зоната Визбегово и новоформираните гробишта. Инаку, автопатот Скопје – Блаце ќе биде долг 12.3км, а инвестициската вредност се проценува на околу 110 милиони евра.

Извор: ТВ21