Свет

Сунак апелира да не се користат касетни бомби

Сунак апелира да не се користат касетни бомби

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека Лондон ја „обесхрабрува“ употребата на касетна муниција, посочувајќи дека Велика Британија е една од 123-те потписнички на Конвенцијата со која се забранува нивна употреба.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден се согласи да испрати касетни бомби во Украина.

– Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина против илегалната и неиспровоцирана инвазија на Русија, но тоа го направивме со обезбедување тешки борбени тенкови и најново оружје со долг дострел и се надеваме дека сите земји ќе можат да продолжат да ја поддржуваат Украина, посочи Сунак.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни