Македонија

Свадби од 1 или 15 јуни, објави Алсат

Според Алсат, на денешната владина седница се разговарало за протоколите за организирање свадбени церемонии.

Според информациите од Владата, доколку се одржи нискиот тренд на инфекции како последните недели со коронавирусот, свадбените ресторани ќе се отворат на 1 јуни или максимумот до 15 јуни.

Се разбира, тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба.

Се подготвуваат протоколи за организирање свадбени прослави и наскоро ќе бидат презентирани пред сопствениците на угостителски објекти за да можат да се подготват за организирање на прославите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни