Сириско-британска хуманитарна работничка мислела дека нејзиниот хотел во Турција бил бомбардиран кога се случи првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени.
Ѕидовите пукнаа околу Лиена Салхул додека таа трчаше по скалите држејќи го својот пасош.
“Навистина мислев дека ќе умрам. Беше предоцна да го напуштам хотелот во тој момент. Чувствувавме дека целиот хотел се тресе и се движи”, рекол Салхул од Нотингем.
„Не добивме помош. Буквално никаква. Се јавивме во британската амбасада да ме префрлиме мене и татко ми. Не можеа ништо да направат“, рече таа.