Повторно има гранатирање, градоначалникот Кличко рече дека треба брзо да се вратиме на криењето, но јас останувам дома со мојот пријател и чекам. Велат вечерва ќе биде тешка и страшна. Ова го изјави во пренос од главниот град на Украина за „Панорама“ Украинска Марина.
„Ние сме Украинци, никому нема да ја дадеме нашата земја. До последен момент размислувавме што да правиме, но решивме да останеме овде во Киев, тука останаа и многу пријатели. Другите заминаа во Полска. Но, нема каде да бегаме Ве молам – да се свртиме кон НАТО, имаме огромно барање од НАТО да ја заштитиме нашата земја, да го затвориме воздушниот простор“, рече Марина Машкина.
Ние сакаме само мир, Украина не ја нападна Русија, додаде таа.