Македонија

Свети Климент Охридски – неработен ден за сите граѓани

Денеска се одбележува денот на Св. Климент Охридски. По тој повод владина делегација ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

„Ве информираме дека денеска, 08.12.2020 година (вторник) во 11:00 часот по повод свеченото одбележување на празникот 8 Декември – Св. Климент Охридски, делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав ќе бидат Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Ирена Стефоска, министерка за култура и Бујар Османи, министер за надворешни работи, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Денешниот ден по повод Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни