Македонија

Светлана Мојсов одликувана со Орден „8 Септември“: Македонката која го откри лекот Оземпик

Светлана Мојсов одликувана со Орден „8 Септември“: Македонката која го откри лекот Оземпик

На свечена церемонија во „Вила Водно“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја одликува Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот придонес во областа на биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка.

Примајќи го високото признание, Мојсов, преплавена од емоции, им се заблагодари на присутните и на државата за укажаната чест, велејќи: „Јас сум без зборови. Многу ви благодарам.“

Во своето обраќање за импресивната биографија на добитничката, претседателката истакна дека, иако судбината ја однела во САД, со гордост се вели дека е Македонка, родена во Скопје. „Денес имаме голема среќа и чест да се заблагодариме за големото дело на една научна хероина – Светлана Мојсов, професорка на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк. Нејзиното потекло го потврдува принципот дека судбината никого не дискриминира, па и на малите заедници им подарува големи луѓе. Затоа, имаме право да ја наречеме и ‘наша’, да ѝ се заблагодариме и да се гордееме со нејзиното грандиозно дело од значење за светската наука“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа додаде дека со ова највисоко државно одликување државата ѝ оддава признание за фундаменталниот придонес кон развојот на македонската наука во светски рамки и кон афирмацијата на Македонија во највисоките меѓународни интелектуални кругови.

Светлана Мојсов е родена на 8 декември 1947 година во Скопје, каде што го завршила основното и средното образование. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет, насока физичка хемија, на Универзитетот во Белград во 1971 година.

Во 1972 година се запишала на докторски студии на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк, каде што работела под менторство на нобеловецот Брус Мерифилд. Нејзината научна работа била насочена кон синтеза на пептиди, а методите што ги развивала заедно со менторот значајно придонеле кон созревањето и етаблирањето на биохемијата како научна дисциплина во тоа време.

Како резултат на повеќегодишната макотрпна научноистражувачка работа, од трудовите на Мојсов произлегле десет значајни патенти, а таа е добитничка и на бројни меѓународни награди и признанија.

Во Македонија, како израз на благодарност и признание за нејзиното дело, ѝ е доделена Светската награда на хуманизмот на градот Охрид, прогласена е за почесен професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, а е предложена и за почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Д-р Светлана Мојсов (Svetлана Mojsov) и д-р Даниел Друкер (Daniel Drucker) – Научници кои во 1980-тите години во САД и Канада го открија и карактеризираа хормонот GLP-1 (на кој се базира лекот), со што ги поставија темелите на оваа медицинска револуција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни