Свет

Светот ја дочека 2024 година со спектакуларен огномет и зголемена безбедност

Светот ја дочека 2024 година со спектакуларен огномет и зголемена безбедност

Со раскошни прослави, но и под зголемено обезбедување – светот ја дочека Новата 2024 година. Туш од светла го осветли небото над Акропол во Атина, Лондон, Рио, Тајмс Сквер во Њујорк… и фасадата на највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа во Дубаи, туш светла.

Хонг Конг се пофали со најспектакуларното светлосно шоу во својата историја. Под засилени безбедносни мерки, Париз ја дочека годината кога ќе биде домаќин на Олимписките игри.

„Дојдовме во Париз само за огномет вечерва. И да, дефинитивно сме возбудени“, изјави Том Хубнер, турист во Париз.

90.000 полицајци и 5.000 воен персонал беа при рака за да ги обезбедат веселителите поради предупредувањата за терористички напади. Прославите во Берлин се одржаа и под засилено обезбедување. За среќа поминале без инциденти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни