Светска банка утре ќе го претстави својот редовен економски извештај за Западен Балкан, јави агенцијата МИНА.
Дваесет и вториот извештај, насловен „По кризите“, е посветен на неодамнешните економски настани во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Во Подгорица, извештајот ќе го презентираат високиот економист Марк Тобијас Шифбауер и економистот од Светска банка од Црна Гора, Милан Лакичевиќ, кои ќе ги разгледаат прашањата од особено значење за Црна Гора.