Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Балкан

Светските медиуми за Србија: Студентското движење до изборна победа по речиси две години протести

Светските медиуми за Србија: Студентското движење до изборна победа по речиси две години протести

Признавањето на изборниот пораз од Александар Вучиќ и прелиминарните процени за победа на Студентската листа се во фокусот на меѓународните медиуми што известуваат за парламентарните избори во Србија. Ројтерс пренесува дека Вучиќ го признал поразот, додека официјалните конечни резултати сè уште се очекуваат.

Според процените што ги соопштил Вучиќ, Студентската листа би освоила меѓу 135 и 140 пратенички места, а неговиот блок околу 105. Таквиот распоред би ѝ овозможил на студентската листа мнозинство за формирање влада.

Ројтерс го поврзува изборниот исход со речиси двегодишните студентски протести против корупцијата и авторитарното владеење. Протестите почнаа по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во 2024 година, трагедија во која загинаа 16 луѓе.

Евроњуз оценува дека изборите биле своевиден референдум за политичката доминација на Вучиќ и за системот што во Србија опстојува повеќе од една деценија. Медиумот го нагласува пробивот на движењето што произлезе од студентските протести и прерасна во значајна изборна сила.

Асошиејтед прес го става акцентот врз барањата за одговорност, борба против корупцијата и обновување на демократските институции. Агенцијата известува и за прославите на приврзаниците на Студентската листа во Белград и во други градови по признавањето на поразот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни