Легендарниот музичар Iggy Pop го откажа фестивалскиот настап закажан за јули во Москва, придружувајќи им се на се поголемиот број поп и рок изведувачи кои се откажуваат од најавените концерти во Русија во знак на протест поради нејзината инвазија на Украина.
„Настапот на фестивалот „Парк Лајв“ во Москва, закажан за 10 јули, е откажан. Во светлината на актуелните настани тоа беше неопходно. Нашите мисли се со Украинците и сите храбри луѓе кои се против насилството и сакаат мир“, напиша американскиот рокер на своите профили на социјалните мрежи.
Популарните панкери Грин Деј требаше да свират на 29 мај на стадионот Спартак во Москва со капацитет од повеќе од 45.000 посетители, но концертот беше откажан од „тешки срца“, исто така поради воените настани во Украина.
„Свесни сме дека не е време за стадионски рок концерти, тоа е многу повеќе од тоа. Знаеме и дека рокенролот е вечен и уверени сме дека ќе има моменти и места каде да се вратиме таму во иднина“, велат тие.
„Единствената причина е руската инвазија“
И шкотските рокери Франц Фердинанд ги откажаа концертите во Санкт Петербург по руската агресија врз Украина. Петербург на 29 јуни и Москва на 1 јули.
„Единствената причина е руската инвазија на Украина“, рекоа тие.
View this post on Instagram
Во соопштението тие објаснија: „Ние ја сакаме Русија. Таа голема земја го инспирираше бендот преку својата уметност и литература и од нашиот прв настап во неа пред 17 години развивме богат и длабок однос со нашите руски фанови. Разговаравме преку социјалните мрежи со нашите многубројни пријатели во Русија и најдовме неподелено противење на ова насилство и солидарност со нашите украински пријатели“, напишаа тие.
Тие додаваат „знаеме дека го гледате лудилото на раководството на вашата земја. Знаеме дека не сакате војна“.
Изјавата завршува со оптимистички тон: „И покрај оваа трагична ситуација, пламенот на оптимизмот сè уште гори во нашите срца и со нетрпение го очекуваме денот кога ќе можеме да се вратиме во мир за повторно заедно да ја споделиме радоста на музиката“.
Американскиот инди поп бенд AJR со „жалење“ објави на Твитер дека го откажува претстојниот настап во Русија закажан за 22 октомври во Москва.
We are sad to announce that we will be cancelling our upcoming show in Russia. Thank you to our Russian fans who oppose their country’s unprovoked and criminal behavior. Our hearts are with the people of Ukraine. At this point, the best thing you can do is share ACCURATE info.
— AJR (@AJRBrothers) February 25, 2022
„Благодарност до сите руски навивачи кои се противат на неиспровоцираното и криминално однесување на нивната земја. Нашите срца се со украинскиот народ“, напиша групата.
Ник Кејв исто така го откажа концертот во Русија и рече дека „застанува покрај храбриот народ на Украина и нивниот лидер херој“.
Концертите ги откажаа и Луис Томлинсон, Јунгблуд, Health, Bring Me The Horizon и други.
